Општи услови

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПРИСТАП И КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ МОБИЛНИ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ НА ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ СКОПЈЕ 

Член 1
Опсег на примена
1.1 Овие Општи услови (во понатамошниот текст наречени: ОУ) го регулираат односот помеѓу Друштвото за комуникациски услуги ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје, со седиште на адреса Димитрие Чуповски бр. 2. Скопје како давател на јавни мобилни електронски комуникациски услуги (во понатамошниот текст: Вип оператор) во мрежа за јавни мобилни електронски комуникации (во понатамошниот текст: Мрежа) за која Вип оператор поседува ГСМ Одобрение за користење радио фреквенции (Одобрение бр.102304 издадено од Агенцијата за електронски комуникации (во понатамошниот текст наречена: Одобрение) согласно законите на Република Македонија, од една страна, и лица претплатници (во понатамошниот текст, поединечно и колективно, наречени: Претплатник) и припејд корисници (во понатамошниот текст, поединечно или колективно, наречени: Корисник) на јавни мобилни електронски комуникациски услуги на Вип оператор (во понатамошниот текст: Услуга) од друга страна.
1.2 Секој взаемен однос помеѓу Вип оператор и Претплатникот кој не е конкретно предвиден со ОУ ќе биде предмет на позитивните закони и прописи на Република Македонија.

Член 2
Видови телекомуникациски услуги
2.1 Вип оператор ќе ги обезбеди своите Услуги на територијата на Република Македонија (во понатамошниот текст наречена: Територија) во согласност со позитивните прописи и Одобрението.
2.2 Вип оператор ќе му овозможи на Претплатникот видови на Услуги во согласност со позитивните прописи.
2.3 Вип оператор нема да биде одговорен за која било пречка или прекин во обезбедувањето на Услугите поради „виша сила”.

Член 3
Функционалност на мрежа, Пречки, Максимално траење на пречки и Ниво на квалитет на услуга
3.1 Предмет на ограничувања споменати во член 3.4 подолу, Вип оператор генерално ќе има за цел да ги обезбеди Услугите во согласност со техничките можности, 24 часа дневно и седум дена неделно.
3.2 Вип оператор ќе ги идентификува и отстрани сите дефекти или пречки во Мрежата и ќе осигура повторно обезбедување на Услугата во најбрзо можно време.
3.3 Вип оператор ќе го осигура квалитетот на Услугата понудена преку Мрежата, согласно Закон и други позитивни прописи. Вип оператор нема да биде одговорен за нивото на квалитет во случај на обезбедување на услуги од страна на друг Оператор (роаминг, национален и меѓународен).
3.4 Претплатникот прифаќа и се сложува дека Вип оператор ќе ја обезбедува Услугата во рамки на техничките и оперативните можности на Мрежата и дека затоа Услугата може да не биде достапна во секое време и во секое место.
3.5 Ако поради акт на Претплатникот, за кој тој е одговорен, се појави неочекувано продолжување на работата за поправање на пречките, Претплатникот нема да биде ослободен од обврската да ја плати месечната претплата на Вип оператор. Вип оператор ќе го смета Претплатникот одговорен за сите трошоци за остранување на дефекти на уреди, инсталација и мрежи, предизвикани од Претплатникот.
3.6 Вип оператор ќе биде одговорен само за реална штета (исклучувајќи ја загубата на добивка) која е стекната и како таква е докажана од Претплатник како резултат на крајна небрежност или намерна злоупотреба на Вип оператор. Вип оператор нема да биде одговорен за штетите ако нивото на квалитет на Услугата е понизок од одредениот поради ниска покриеност или непостоење на покриеност на Мрежа, поради која било причина која типично може да предизвика пречки на Мрежата (како што се физички пречки, попречувања, атмосферски услови, или други технички проблеми, вклучувајќи пречки кои се појавуваат од другите телекомуникациски Оператори на чиишто мрежи Вип оператор може да биде поврзан или чиишто средства Вип оператор може да ги користи), други објективни пречки кои не можеле да се предвидат, да се избегнат или да се отстранат (виша сила), ниту Вип оператор ќе биде одговорен за која било штета настаната за време на одржувањето на Мрежата, која што штета би можела да влијае на квалитетот на Услугата. Вип оператор нема да биде одговорен за која било штета во случај на престанување, измена или отповикување на Одобрението, деактивирање на СИМ картичка во согласност со овие ОУ, или измени на телефонскиот број на Претплатникот.
3.7 Вип оператор ќе има право да го ограничи или да го прекине пристапот до јавните комуникациски услуги доколку е неопходно без согласност на Претплатникот во согласност со овие ОУ и позитивните прописи.

Член 4
Услови за засновање претплатнички однос
4.1 Општа способностПретплатник може да биде физичко лице со постојано живеалиште на територијата на Република Македонија или правно лице со седиште на територијата на Република Македонија.
4.2 Договор
4.2.1 За засновање претплатнички однос со Вип оператор (во понатамошниот текст: Претплатнички однос), Претплатникот потпишува Договор за засновање претплатнички однос (во понатамошниот текст: Договор) со Вип оператор (во продажните центри на Вип Оператор или преку овластени лица во овластените продажни места на Вип оператор).
4.2.2 Овие ОУ се сметаат за составен дел на секој Договор. Со потпишување на Договорот Претплатникот признава дека (А) е целосно и точно информиран за содржината на овие ОУ, (Б) се обврзува да дејствува во согласност со одредбите на овие ОУ, и (В) Вип оператор има право да ги изменува овие ОУ во секое време без негова согласност.
4.2.3 Во моментот на потпишување на Договорот, Претплатникот ќе му прикаже на увид на Вип оператор и/или на овластено лице на овластеното продажно место на Вип оператор документ за идентификација и други документи кои се бараат споредпостоечката политика за склучување Договори на Вип оператор.
4.2.4 Ако Претплатникот е малолетник или ако неговата правна способност е на кој било начин ограничена, при склучување на Договорот мора да биде доставено валидно одобрение и изјава за одговорност од старателот.
4.2.5 По барање на Вип оператор, Претплатникот исто така ќе ги обезбеди сите други информации кои што Вип оператор може разумно да ги смета за неопходни за засновање на Претплатнички однос, согласно позитивните прописи.
4.2.6 Претплатникот се согласува дека Вип оператор може независно да го потврди идентитетот, статусот, поднесените документи и платежната способност на Претплатникот со надлежните агенции кои имаат пристап до таквите податоци, или во секое време да бара дополнителни или ажурирани информации од Претплатникот.

Член 5
Засновање на Претплатнички однос
5.1 Склучување на Договор
5.1.1 Вип оператор ќе прифати да склучи Договор, доколку:
а) Претплатникот го има платено надоместокот за активирање на Вип оператор и/или на овластеното лице во овластено продажно место на Вип оператор, доколку таков надоместок постои; и
б) не постојат други пречки, дадени со овие ОУ или ефективната политика за склучување Договор на Вип оператор, за поврзување на Претплатникот во Мрежата.
5.1.2 По склучување на Договор од страна на Вип оператор, Вип оператор ќе ја активира СИМ картичката која му е доделена за Претплатникот.
5.1.3 Со склучување на Договорот од страна на Вип оператор ќе се смета дека е склучен договор за засновање претплатнички однос со содржина согласно позитивните прописи, при што Договорот за постпејд корисници треба да биде склучен во писмена форма, потпишан од Претплатникот или од лице овластено да го потпише договорот со закон или со издадено полномошно заверено од нотар.
5.1.4 По плаќањето на соодветниот надоместок, доколку таков надоместок постои, и склучувањето на соодветниот Договор, Претплатникот има право на пристап до комуникациските услуги понудени од страна на Вип оператор согласно тарифниот модел избран од страна на Претплатникот.
5.1.5 Претплатникот има право на пристап до дополнителни услуги и има право да користи услуги со додадена вредност.
5.1.6 Претплатничкиот однос и сите важечки обврски помеѓу Претплатникот и Вип оператор ќе започнат од моментот на активирање на СИМ картичката која е доделена на Преплатникот од страна на Вип оператор (поврзување на терминалната опрема на Претплатникот со Мрежата), од каде што ќе се смета дека е заснован Претплатнички однос на неопределено време (освен доколку не е поинаку одредено во Претплатничкиот договор) и може да се раскине според релевантните одредби на овие ОУ или Претплатничкиот договор. Во одредени случаи (пр. поради посебни промоции, продажба на субвенциониран хардвер на Претплатникот, итн.) Договорот може да содржи неотповикливо откажување на Претплатникот од правото за раскинување на Претплатничкиот однос за определен временски период (пр. 24 месеци).
5.1.7 Вип оператор има право да бара од Претплатникот обезбедување за плаќање, вклучувајќи, но не ограничувајќи на банкарска гаранција, паричен влог или меница, како и за осигурување на сите побарувања кои произлегуваат од користењето на меѓународната роаминг услуга каде таквото обезбедување (гаранција) е определено во Ценовникот на Вип оператор (во понатамошниот текст наречен: Ценовник).
5.2 Одбивање на склучување Договор
5.2.1 Вип оператор е овластен да го одбие склучувањето на Договорот:
- ако почетниот надоместок за поврзување, доколку таков надоместок постои, не е исплатен во дадениот временски период;
- ако лицето има неподмирен долг кон Вип оператор;
- ако е потврдено дека лицето не е платежно способно;
- ако лицето има извршено повреда на одредбите на Законот за електронските комуникации и други закони или прописи, како што е утврдено од надлежен државен орган и
- ако лицето не ја поднесе целосната потребна документација во согласност со Политиката за склучување договори на Вип оператор.
5.2.2 Неактивирање
Во случај надоместокот за активирање да биде платен, но активирањето да не се случи поради одбивање на склучување договор, Вип оператор ќе му го рефундира надоместокот за активирање на Претплатникот на негово барање, под услов
Претплатникот истовремено да ја врати СИМ картичката на Вип оператор.

Член 6
Обврска на Претплатникот да извести за промени во податоците содржани во Договорот
6.1 По засновањето претплатнички однос, Претплатникот писмено ќе го извести Вип оператор за секоја промена во личните податоци или во податоците за идентификација кои се содржани во Договорот, веднаш по настанувањето на промената и не подоцна од 15 (петнаесет) дена од настанувањето на таквата промена.
6.2 Ако Претплатникот не го извести Вип оператор за промената во личните податоци и/или податоците за идентификација во рокот предвиден во претходниот став и ако, поради тоа, известувањата или друга кореспонденција на Вип оператор не бидат доставени до Претплатникот, доставата ќе се смета за навремено извршена.
Истото ќе се однесува, на пример, за фактури или потсетници за плаќање кои Вип оператор ги испратил на последната пријавена адреса на Претплатникот.

Член 7
Користење на СИМ картичката и обврски на Претплатникот
7.1 Вип оператор ќе му ја предаде СИМ картичката на Претплатникот за користење, и Претплатникот ќе има право да ја чува за целото времетраење на Претплатничкиот однос. За времетраењето на Претплатничкиот однос СИМ картичката ќе остане во сопственост на Вип оператор и Претплатникот ќе ја врати на барање на Вип оператор.
7.2 Претплатникот ќе ја заштити СИМ картичката од природни непогоди, штета и невешто или неовластено користење, ќе ја стави внимателно во мобилниот телефон во согласност со упатствата на неговиот производител, и во секој случај ќе ја чува на безбедно место. Претплатникот мора да му ја врати СИМ картичката на Вип оператор во секое време во кое тоа ќе биде побарано, во случај на раскинување на претплатничкиот договор и во посебни случаи кога се бара од него, како итни случаи, доколку е во интерес на јавноста или во случаите поврзани со користење на мрежата.
7.3 Претплатникот веднаш во писмена форма ќе го извести Вип оператор за секој дефект, штета, како и за губење или кражба на СИМ картичката, со посочување на телефонскиот број на Претплатникот и други соодветни информации неопходни запроценување на автентичноста на таквото известување. Секое усмено известување за губење или кражба на СИМ картичката ќе му биде потврдено на Вип оператор, веднаш или најдоцна во рок од 48 часа, со лично потпишано писмо пратено по препорачана пошта или по курир.
7.4 Во случај на губење или кражба на СИМ картичката Претплатникот нема да сноси одговорност за трошоците од користењето на СИМ картичката настанато по моментот кога Вип оператор ќе го прими известувањето на Претплатникот за кражба или губење на СИМ картичката во согласност со релевантните одредби на овие ОУ. Вип оператор нема да сноси одговорност кон Претплатникот или кон трета страна за која било штета која може да се појави како последица на невистинито или ненавремено известување за кражба или губење на СИМ картичката.
7.5 Претплатникот ќе го чува бројот на СИМ картичката, како и ПИН/ПУК кодовите и кој било друг код за идентификација во доверливост. ПИН кодот ќе биде деактивиран само со припејд СИМ картички. Во случај на разумно сомневање дека ПИН/ПУК кодовите на Претплатникот биле користени без овластување од трети страни, Вип оператор ќе дејствува како во случај на губење или кражба на СИМ картичката, согласно Член 15 од овие ОУ.
7.6 Ако Претплатникот му даде на располагање на друго лице - корисник на Мрежа - кои било броеви на Мрежата регистрирани на име на Претплатникот според претплатничкиот договор со Вип оператор, Претплатникот ќе остане сопственик на правата и обврските кои произлегуваат од Договорот.
7.7 Претплатникот нема да има право, без јасна писмена согласност на Вип оператор, да изведува или да дозволи други лица да ги изведуваат следните активности:
а) да генерира, терминира или пренесува каков било сообраќај од/до Мрежата на Вип оператор со цел генерирање профит за Претплатникот или за некое друго лице освен Вип оператор, или со цел предизвикување загуба за Вип оператор;
б) дејства извршени со цел иницирање повици и вршење повици на начин штетен за правата и интересите на Вип оператор.
7.8 Претплатникот ќе користи терминална опрема и/или СИМ картичка на начин кој не предизвикува попречувања на функционирањето на Мрежата и не предизвикува штети за другите корисници.
7.9 Претплатникот е обврзан да ги користи услугите на начин кој не предизвикува штети на интегритетот на Мрежата и/или пречки во обезбедувањето услуги од страна на Вип оператор на трети страни, согласно барањата за квалитет на услуга.

Член 8
Услови поврзани со терминална опрема
8.1 Претплатникот е обврзан да користи терминална опрема (т.е мобилен телефон) која е соодветно атестирана за поврзување на Мрежата и која соодветствува на релевантните технички упатства за одржување на таквата опрема. Претплатникот се обврзува да не користи терминална опрема на начин кој би вознемирувал други луѓе или би го нарушил јавниот ред, како и да спречи користење на терминална опрема од страна на трети страни ако таквото користење е спротивно на одредбите на овие ОУ или на важечки закон.
8.2 Кога терминалната опрема се користи спротивно на претходниот став, Вип оператор нема да сноси одговорност за евентуален приговор против фактурираната сума или недостапноста на одредени Услуги што би произлегло како резултат на неправилното користење на терминалната опрема.
8.3 Вип оператор има право да ја прегледа и контролира исправноста на терминалната опрема.

Член 9
Надоместоци на Услуга и Услови за плаќање
9.1 Ценовник
9.1.1 Цените на телекомуникациските Услуги, вклучувајќи ги, но не и ограничувајќи се на цената за приклучок, надоместокот за претплата, надоместокот за повици, цените на дадените услуги, посебните тарифи или пакети и надоместокот за меѓународен роаминг, како и секој друг надоместок што Вип оператор има право да го наплаќа согласно овие ОУ, се одредени во Ценовникот кој што е валиден во периодот на користење на Услугите. Вип оператор е овластен да го менува Ценовникот во секое време и се обврзува да го објави и да го направи достапен на вообичаен и пристапен начин. Вип оператор е исто така овластен да го менува Ценовникот во случаи кога Претплатникот има дадено неотповикливо откажување од правото на раскинување на Претплатничкиот однос за одреден временски период, и Претплатникот нема да има право да ја прекине Претплатничката врска поради таквите промени во Ценовникот. Ценовникот, како и деталните информации за дополнителни услуги на Вип оператор ќе бидат достапни барем на секое овластено место за продажба на Вип оператор каде што се склучуваат договори.
9.2 Плаќање на надоместок за Услугите на Вип оператор
9.2.1 Вип оператор ќе издава детални месечни сметки до Претплатникот за дадените Услуги и за применливите надоместоци, кои треба да се платат во рокот за плаќање наведен на сметката. Сите приговори поврзани со износот на сметката треба да бидат доставени во писмена форма до Вип оператор во рок од 15 (петнаесет) дена од примањето на сметката; во спротивно сметката ќе се смета за прифатена од Претплатникот. Претплатникот ќе ги сноси трошоците за сите провизии на институцијата во која е извршено плаќање на сметката. Плаќањето ќе се смета за извршено на датумот на кој должната сума е исплатена на сметка на Вип оператор.
9.2.2 Вип оператор има право да го пренесе правото на наплата на сметките на кредитна банка. Во случај на прием на писмено известување од Вип оператор, Претплатникот ќе го плати износот на сметката за дадените Услуги и надоместоци директно на кредитните банки согласно известувањето. Со цел да се овозможи наплатата, Вип оператор ќе биде овластен да им ги обезбеди потребните податоци на кредитните банки.
9.2.3 Ако поради пропуст направен од Претплатникот, идентификацијата на Претплатникот или бројот на сметката не е правилно внесен во налогот за плаќање, Вип оператор ќе го смета побарувањето за намирено само откако Претплатникот ќе ги презентира Точните податоци, оригиналниот налог за плаќање заверен од институцијата за плаќање и доказ дека налогот за плаќање се однесува на соодветната сметка. Ненамирените побарувања на Вип оператор кон Претплатникот ќе бидат предмет на законска затезна камата.
9.2.4 Вип оператор нема да биде одговорен за пропустите на компанијата задолжена за достава на сметките на Претплатникот.
Доколку Претплатникот не ја добие својата сметка испратена од Вип оператор во вообичаениот рок, Претплатникот има обврска да контактира со Службата за грижа на корисници на Вип оператор и да добие информации за износот на сметката и за начинот на добивање на копија од сметката. Непримањето или недобивање на сметката поради каква било причина нема да го ослободи Претплатникот од обврската да ја плати должната сума во дефинираниот временски рок.
9.3 Наплата на заостанати долгови
9.3.1 Доколку Претплатникот не го изврши плаќањето во рокот наведен во сметката, Вип оператор ќе му прати на Претплатникот напомена за поминат рок на плаќање (во понатамошниот текст наречен: Напомена) со опомена дека по истекот на рокот посочен во Напомената СИМ картичката на Претплатникот привремено ќе биде деактивирана во согласност со следниот став до целосното намирување на Претплатничкиот долг или раскинување на Претплатничкиот однос согласно овие ОУ.
9.3.2 Доколку Претплатникот не го намири заостанатиот долг во целост до датумот посочен во Напомената, Вип оператор има право привремено да ја деактивира СИМ картичката на Претплатникот и/или да го лиши од одредени Услуги. Сè до трајното исклучување на СИМ картичката на Претплатникот, Претплатникот ќе има право само да ги прима услугите кои не претставуваат трошоци предизвикани од корисник до степенот кој е технички можен.
9.3.3 Ако Претплатникот не го плати заостанатиот долг во целост во рок на следните 60 (шеесет) календарски дена од датумот на привременото деактивирање на СИМ картичката, Вип оператор може трајно да ја деактивира СИМ картичката на Претплатникот и да го раскине Претплатничкиот договор со праќање писмено известување кое стапува на сила веднаш.
9.3.4 Вип оператор може да побара од Претплатникот депонирање гаранција (обезбедување), особено за користење роаминг услуга или во случај на нетипичен сообраќај. Вип оператор може да го користи депонираниот износ на Претплатникот за наплата на заостанатите долгови на Претплатникот.
9.3.5 ВИП ОПЕРАТОР има право да користи Агенција за наплата на долгови.

Член 10
Пренесување на Претплатнички однос
10.1 Вип оператор може да му дозволи на Претплатникот да го пренесе неговиот Претплатнички однос со Вип оператор на трето лице (во понатамошниот текст наречен: Нов Претплатник), со прифаќање на Барањето на Новиот Претплатник за засновање Претплатнички однос, под услов Новиот Претплатник да продолжи да ја користиСИМ картичката на Претплатникот.
10.2 Пренесувањето на Претплатничкиот однос ќе се изврши на барање на Претплатникот, при што правата и обврските кои произлегуваат од тој однос ќе се пренесат на Новиот Претплатник само по прифаќање на Барањето на Новиот Претплатник од страна на Вип оператор. Пред прифаќање на Барањето на Новиот Претплатник, Вип оператор е овластен да преземе во однос на Новиот претплатник какви било дејства кои што во други околности е овластен да ги преземе со овие ОУ во однос на засновање на Претплатнички однос.
10.3 Претплатничкиот однос ќе биде пренесен на Новиот претплатник во моментот на прифаќање на Барањето на Новиот Претплатник. Претходниот Претплатник ќе биде одговорен за плаќање на сите надоместоци и Услуги користени до моментот на прифаќање на Барањето на Новиот претплатник, а Новиот Претплатник за надоместоците и Услугите од моментот на прифаќање на Барањето на Новиот Претплатник. Вип оператор ќе му издаде сметка на Претходниот Претплатник за надоместоците за кои тој е одговорен.
10.4 Во случај Претходниот Претплатник да не ја исплати должната сума до моментот наведен на сметката, Новиот Претплатник ќе биде заеднички и поединечно одговорен за долгот на Претходниот Претплатник и ќе биде обврзан да го плати неговиот долг согласно издадената сметка од страна на Вип оператор. Во случај Новиот Претплатник да не ја плати сметката во дадениот рок, Вип оператор може привремено да ја деактивира СИМ картичката на Новиот Претплатник согласно одредебите од член 9.3 од овие ОУ.
10.5 Пренесување на Претплатнички однос може да се изведе само еднаш за една активирана СИМ картичка.
10.6 Претплатникот ќе плати надоместок за пренесување на Претплатнички однос согласно Ценовникот на Вип оператор.Таквиот надоместок нема да биде платен во случај на пренесување на правото на сопруг/сопруга или дете/родител и во случај на пренесување на правото поради смрт на Претплатникот.

Член 11
Припејд услуги
11.1 Вип оператор овозможува можност за пристап до Мрежата и користење на соодветни услуги страна со купување на припејд СИМ картичка.
11.2 Корисник, во смисла на овие ОУ, е секое лице кое има пристап до мрежата врз основа на купување на припејд СИМ картичка. Одредбите на ОУ кои се однесуваат на Претплатникот исто така ќе се однесуваат мутатис мутандис и на Корисникот освен ако контекстот налага поинаку.
11.3 Конкретните услуги овозможени за Корисникот се одредени според стандардите за технологија на телекомуникациската мрежа и технолошкиот капацитет на Мрежата да обезбеди таков вид на пристап, како што е наведено во документите доставени до Корисниците по купувањето на припејд СИМ картичката.
11.4 Цената на припејд СИМ картичка е платена од Корисникот во моментот на купувањето, согласно Ценовникот на Вип оператор.
11.5 СИМ картичката и припејд кредитот може да имаат посебни (покуси) периоди на валидност кои се јасно дефинирани во Ценовникот. Во случај на истекување на периодот на валидност на СИМ картичката Корисникот нема право да бара повраток на неискористениот припејд кредит.

Член 12
Поднесување приговори и Барања за надомест
12.1 Претплатникот има право да поднесе приговор до Вип оператор. Приговорот треба да биде поднесен во писмена форма до Одделот за кориснички услуги на ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје, Димитрие Чуповски бр. 2, 1000 Скопје.
12.2 Претплатникот кој поднел приговор во однос на квалитетот на Услугите овозможени од Вип оператор, може да бара надомест од Вип оператор доколку се утврди дека квалитетот на услугата е понизок од оној одреден од релевантните позитивни прописи во Република Македонија.
12.3 Барањето за надомест за повисоко платени суми ќе биде поднесено до Вип оператор во писмена форма. По приемот на барањето од Претплатникот, Вип оператор може (I) да го прифати барањето и да ја плати сумата барана од стана на Претплатникот во рок од 45 (четириесет и пет) дена од прием на барањето или (II) да го прифати барањето и да ги пребие побарувањата на Вип оператор кон Претплатникот со побарувањето на Претплатникот кон Вип оператор или (III) да го одбие барањето со испраќање писмено известување за одбивање на барањето до Претплатникот во рок од 45 (четириесет и пет) дена од приемот на барањето.
12.4 Претплатникот може да поднесе приговор до Вип оператор во однос на дејствија или одлуки на Вип оператор. Приговорот треба да биде поднесен во писмена форма во рок од 15 (петнаесет) дена од добивање на одлуката или од започнување на дејствието. Вип оператор ќе спроведе истрага со цел да ја одреди оправданоста на приговорот. Приговорот мора да содржи и да се заснова на факти и докази. Вип оператор ќе одлучи за приговорот во рок од 15 (петнаесет) дена од приемот на приговорот. Ако приговорот е поднесен во однос на износот кој Претплатникот мора да го плати, тој ќе биде обврзан да ја плати сумата во соодветниот рок до донесување на конечната одлука по приговорот.
12.5 Во рок од 15 (петнаесет) дена од прием на одлуката на Вип оператор по приговорот, Претплатникот може да бара заштита на неговите права од Агенцијата за електронски комуникации.

Член 13
Чување на податоците на Претплатникот
13.1 Вип оператор ќе собира, обработува и чува лични податоци на своите Претплатници согласно позитивните прописи на Република Македонија. Вип оператор ќе ги чува во доверливост овие податоци и ќе ги користи само за цели дозволени со закон.
13.2 Претплатникот има право да одлучи дали и кои податоци ќе бидат вклучени во Телефонскиот именик, како и да бара исправка на претходно поднесените податоци, со плаќање на реалните трошоци согласно Ценовникот.
13.3 Вип оператор ќе ја обезбеди опремата, апаратите и инсталациите за да овозможи чување на релевантните податоци во пропишаниот временски период, пристап до релевантните податоци од надлежните органи во случаи предвидени со закон,на начин и до степен согласно позитивните прописи (законско следење на комуникации).
13.4 Вип оператор го задржува правото да ги информира претплатниците за нови производи и услуги како и за тековни промотивни понуди преку различни средства за комуникација согласно позитивните прописи на Република Македонија.
13.5 Вип оператор ќе ги чува податоците за комуникациски сообраќај согласно позитивните прописи на Република Македонија и налозите од овластени органи.
13.6 Вип оператор нема да сноси одговорност за содржината на информациите пренесени преку неговите мрежи.

Член 14
Нетипичен сообраќај
14.1 Нетипичен сообраќај е секој сообраќај чиј што обем значително (повеќе од 3 (три) пати) го надминува нивото на сообраќај генериран во добра волја за време на претходните периоди и/или сообраќај кој што вклучува повици со приближно еднакво траење направено 5 (пет) или повеќе пати во период од 12 (дванаесет) часа на истиот број за услуги со додадена вредност, или друг било кој друг сообраќај чиј што обем значително го надминува дневниот, неделниот или месечниот обем на сообраќај одреден како таков од страна на Вип оператор за заштита на интересите на Претплатникот (т.е контрола на злоупотреби).
14.2 Во случај на забележан нетипичен сообраќај и по претходно известување, Вип оператор има право да бара од Претплатникот да обезбеди гаранција за плаќање или веднаш да премине кон привремено деактивирање на СИМ картичката на Претплатникот како и да ги ограничи услугите во согласност со член 15. Целта на овие информации е да ги заштити интересите на Претплатникот.
14.3 Вип Оператор ги задржува правата да определи и примени политика за фер користење на своите тарифни модели и/или промоции. Посебните услови за користење на политиката за фер користење на секој тарифен модел и/или промоција ќе бидат јавно објавени.

Член 15
Привремено деактивирање на СИМ картичката на Претплатникот
15.1 Вип оператор може, врз основа на своја одлука, веднаш да премине кон привремено деактивирање на СИМ картичката на Претплатникот како и кон ограничување на Услугите користени од Претплатникот доколку за времетраење на Претплатничкиот однос, Вип оператор идентификува постоење причини за кои Вип оператор го задржува правото да одбие склучување Договор според член 5.2.1, околности во спротивност на член 8, околности наведени во член 9.3 и член 14, член 7.7, 7.8 и 7.9, ако прими известување за губење или кражба на СИМ картичката согласно член 7.5, како и во случај на постоење на каква било причина за привремено исклучување на Претплатникот, согласно важечките прописи. Во случај Претплатникот да има повеќе од еден претплатнички број, доколку за некои од броевите плаќањата се редовно намирени, додека за други броеви плаќањата не се намирени, Вип оператор може, на своја одлука привремено да ги деактивира броевите (т.е. СИМ картичките) за кои плаќањето е намирено со цел да се осигура плаќање на целосниот износ кој Претплатникот го должи на Вип оператор. Вип оператор е овластен привремено да ја деактивира СИМ картичката на Претплатникот во секој друг случај одреден со законот, позитивните прописи или овие ОУ.
15.2 СИМ картичката на Претплатникот повторно ќе биде активирана кога причините за привременото деактивирање ќе престанат да постојат и соодветниот надоместок за повторно активирање согласно Ценовникот на Вип оператор ќе биде платен.
15.3 Вип оператор ќе додели деактивиран претплатнички број на друг претплатник по истек на рок од 6 (шест) месеци по конечното деактивирање на претплатничкиот број.

Член 16
Раскинување на Претплатнички однос
1. Претплатничкиот однос помеѓу Вип оператор и Претплатникот може да биде раскинат поради причини одредени со позитивните прописи, причини поради кои што Вип оператор го задржува правото да одбие склучуваwе на Договор според Член 5.2.1 како и поради следните причини:
а) ако СИМ картичката на Претплатникот е привремено деактивирана поради причините опишани во Член 15.1 подолу, и ако таквите причини не биле отстранети во рок од 60 дена од датумот на привременото деактивирање на СИМ картичката;
б) ако Претплатникот прекршува некои од останатите обврски, под услов условите од Член 19.4 на овие ОУ да се исполнети;
в) ако Претплатникот повеќе нема адреса во Република Македонија за достава на сметките и известувањата на Вип оператор;
г) ако Вип оператор дознае дека некои од податоците во Договорот на Претпатникот се невистинити или некомплетни и ако таквите податоци не се правилно коригирани;
д) ако постои разумно сомневање дека Претплатникот ги злоупотребил Услугите на Вип оператор, или ако Претплатникот им дозволил на трети страни да вршат таква злоупотреба, или ако има разумно сомневање дека Услугите на Вип оператор билекористени од трета страна за извршувње незаконски дејства;
ѓ) во случај на користање или злоупотреба на Услугите од страна на Претплатникот за цели кои се во спротивност со законот или други позитивни прописи.
2. Доколку во одредени случаи (поради посебни промоции, продажба на субвенциониран хардвер на Претплатникот, итн.) Договорот содржи неотповикливо откажување на Претплатникот од правото за раскинување на Претплатничкиот однос за определен временски период, при раскинување на Договорот од страна на Претплатникот пред истек на таквиот период, Претплатникот е должен да ги намири сите преостанати долгови кон Вип оператор и да му ја надомести штетата на Вип оператор со тоа што ќе исплати договорни пенали во износ на вкупната претплата за преостанатиот период за кој бил склучен Договорот.

Член 17
Други причини за раскинување
Претплатничкиот однос може исто така да биде раскинат поради следните причини:
17.1 Претплатничкиот однос може да биде раскинат од страна на Претплатникот со испраќање на известување за раскинување до Вип оператор по регистрирана пошта. Претплатничкиот однос не може да биде раскинат од страна на Претплатникот во период од 90 дена по активирање на СИМ картичката. Периодот за известување за раскинување на Претплатничкиот однос ќе биде барем 30 (триесет) дена пред стапување на раскинувањето на сила. Претплатникот ќе поднесе писмено барање за раскинување на формулар на Вип оператор, доколку се исполнети сите обврски за плаќање и доколку СИМ картичката и другите средства за комуникација во сопственост на Вип оператор се вратени во исправна состојба.
17.2 Во случај на смрт на Претплатникот, неговите наследници или членови на неговата фамилија ќе го известат Вип оператор за смртта на Претплатникот во рок од 30 (триесет) дена од датумот на смртта. Ако наследникот или членот на фамилијата на Претплатникот, во известувањето за смртта не поднесе барање за пренесување на Претплатнички однос, или ако пренесувањето не е извршено во рок од 6 месеци од смртта на Претплатникот, Претплатничкиот однос ќе се смета за раскинат на датумот на смртта на Претплатникот. Наследниците на починатиот Претплатник заеднички ќе бидат одговорни до вредноста на наследството на Претплатникот за сите негови долгови кои настанале пред датумот на смртта како и за побарувањата на Вип оператор направени потоа сè до моментот на фактичката деактивација на СИМ картичката на починатиот Претплатник.
17.3 Вип оператор ќе престане да ги овозможува своите Услуги во случај на престанок или отповикување на Одобрението дадено на Вип оператор од Агенцијата за електронски комуникации. Во тој случај, сите Претплатнички договори ќе се сметаат за раскинати од датумот на престанок на Одобрението.

Член 18
Престанок на компанија Претплатник
18.1 Во случај на постапка на стечај или ликвидација против Претплатникот, стечајниот управник или ликвидаторот писмено ќе го извести Вип оператор за започнување на постапка на стечај, реорганизација или ликвидација во рок од 30 дена од датумот на започнување на таквата постапка.
18.2 Вип оператор ќе го продолжи овозможувањето на Услугите до Претплатникот против кој има започнато постапка на стечај, реорганизација или ликвидација, само доколку Претплатникот ги намирил сите свои заостанати долгови за веќе овозможените Услуги или кои било други побарувања на Вип оператор кои настанале пред датумот на кој Вип оператор го примил известувањето за започнување на постапка на стечај, реорганизација или ликвидација од стечајниот управник или ликвидаторот, или пред датумот на кој Вип оператор на друг начин дознал за таквата постапка.
18.3 Претплатничкиот однос ќе се смета за раскинат од датумот на започнување на постапка на стечај, реорганизација или ликвидација против Претплатникот, освен доколку во известувањето за започнување на споменатата постапка стечајниот управник или ликвидаторот побара во исто време промена на податоците за името на претплатникот, или пренесување на Претплатничкиот однос на солвентен субјект. Претплатникот против кого има започнато постапка на стечај, реорганизација или ликвидација, ќе биде одговорен за намирување на сите побарувања на Вип оператор настанати до моментот на деактивација на СИМ картичката.
18.4 Претплатничкиот однос ќе биде раскинат во случај на бришење на компанијата Претплатник од Надлежниот регистар.

Член 19
Обврски на Вип оператор
19.1 Вип оператор ќе им овозможи на Претплатниците бесплатен пристап до броеви на службите за итни повици.
19.2 Вип оператор ќе основа Служба за грижа на корисници, која ќе им овозможува постојана помош на претплатниците.
19.3 Вип оператор ќе му ги надомести паричните средства на Претплатникот:
- доколку при засновањето на претплатничкиот однос, лицето изврши уплата на надоместокот за почетно приклучување, а потоа се откаже од намерата за засновање на претплатнички однос во периодот до инсталирање на приклучокот. Враќањето на паричните средства се врши во целост;
- во случај на привремен прекин на претплатничката линија од сообраќај поради пречки на линијата, операторот и/или давателот на услуги врши враќање на паричните средства во делот на претплатата и надоместоците за користење дополнителни услуги (доколку претплатникот ги има намирено своите долгови) за износ пропорционален на деновите кога линијата не била во функција, доколку прекинот трае подолго од 48 часа. Износот ќе биде одбиен во наредната сметка;
- во други случаи на основан приговор од страна на претплатникот за утврдена неточна обработка на податоци што доведува до зголемување на износот за користени комуникациски услуги, доколку ги има намирено своите долгови, во висина на погрешното задолжување;
- во случај на престанок на обезбедувањето на јавната комуникациска услуга не по вина на претплатникот, операторот и/или давателот на услуги ќе изврши враќање на остатокот од паричните средства што биле депонирани однапред како аванс, месечната претплата, надоместокот за користење дополнителни услуги, како и на непотрошениот износ од вредносниот ваучер во припејд системот.
19.4 Вип оператор ќе биде обврзан писмено да го извести Претплатникот во случај на повреда на одредбите на претплатничкиот договор, со обезбедување разумен период за исполнување на договорните обврски. Сепак, таквите обврски не се применуваат доколку Претплатникот:
- предизвика непосредна и сериозна закана за јавниот ред, јавната безбедност или здравјето на луѓето и животната средина или
- предизвика сериозна материјална и оперативна штета .
19.5 Вип оператор ќе осигура пристап на крајните корисници на услугите на јавната телефонија до Телефонски Именик/Служба за евиденција.
19.6 Вип оператор по барање на Претплатникот ќе овозможи мирување на комуникациски услуги во постапка и под услови и начин одредени од страна на Вип оператор.

Член 20
Преносливост на број
20.1 Претплатникот може да бара пренесување на броеви од мрежата на Вип оператор во мрежи на други Оператори на јавна мобилна комуникациска мрежа (во понатамошниот текст: Оператор), како и од мрежи на други Оператори во мрежата на Вип оператор.
20.2 Претплатникот не може да бара пренесување на претплатнички број од мрежата на Вип оператор во мрежата на други Оператори пред истекот на 90 дена од денот на кој Вип оператор започнал со обезбедување услуги за Претплатникот.
20.3 Доколку претплатникот бара пренесување на број од мрежата на Вип оператор во мрежа на друг Оператор, Претплатникот е обврзан да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од предвременото раскинување на претплатничкиот договор кон Вип оператор. Претплатникот ќе го плати еднократниот надоместок за пренесувањето на број согласно Ценовникот на Вип оператор. Еднократниот надоместок за постпејд Претплатник ќе биде фактуриран со сметката издадена по реализација на пренесувањето. Еднократниот надоместок за припејд Претплатник ќе биде наплатен од вредносниот ваучер при одобрување на пренесувањето. Доколку пренесувањето на број на припејд Претплатник не се реализира од која било причина, средствата во висина на еднократниот надоместок ќе бидат вратени на вредносниот ваучер на Претплатникот.
20.4 Доколку Претплатникот сака да го пренесе својот број во мрежата на Вип оператор, Претплатникот ќе поднесе Барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број. Барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување е по форма и содржина како што е одредено со позитивните регулативи и е јавно достапно на Продажните места на Вип оператор.
20.5 Вип Оператор ќе прифати Барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број доколку се исполнети одредбите од овој член и одредбите од ОУ.
20.6 Вип оператор може да одбие Барање на склучување на претплатнички договор со пренесување на број ако:
• Барањето се однесува за непостоечки број
• Барањето е поднесено од неовластено лице
• Барњето не е комплетно, согласно со ОУ
• Бројот за кој е поднесено барањето за пренесување е веќе во процес на пренесување, т.е. барање за пренесување на тој конкретен број е веќе поднесено
• Бројот за кој е поднесено барањето за пренесување е трајно или привремено исклучен од мрежата
• Договорните обврски на претплатникот кон Операторот, овозможувач на услуги не се целосно исполнети (пример: постои валиден договор за лојалност на одредено време, постојат неплатени сметки заклучно со последната доставена)
20.7 Вип оператор ќе го информира Претплатникот за прифаќањето или одбивањето на Барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број од страна на Операторот давател на бројот во рок од 6 (шест) работни дена по поднесувањето на Барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број. Вип оператор исто така ќе го информира Претплатникот за причините за одбивање на Барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број.
20.8 По остранувањето на причините за одбивање на Барањето за склучување на претплатнички договор за пренесување на број, Претпатникот поднесува до Вип оператор ново Барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број.
20.9 Ако Барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број е прифатено, Вип оператор во рок од 15 (петнаесет) дена од прифаќањето на Барањето ќе склучи претплатнички договор со Претплатникот и во рок од 1 (еден) работен ден по склучувањето на Претплатничкиот договор ќе изврши трансакција на запис за конкретниот склучен претплатнички договор во Централната база на податоци. Доколку Претплатникот не одговори на известувањето на Вип оператор и не склучи договор во рок од 15 (петнаесет) дена од од прифаќањето на Барањето, процедурата за пренесување на број се прекинува. Доколку по истек на овој рок кај Претплатникот сè уште постои намера за пренесување на број, тоа ќе се реализира со отпочнување на нова процедура за пренесување на број.
20.10 Рокот за пренесување на бројот ќе биде 7 (седум) работни дена од денот на извршување на трансакцијата на записот за конкретниот склучен Претплатнички договор во Централната база на податоци (ЦБП). Овој рок може да се продолжи во случај на грешка на записот во ЦБП или во случај на пренесување на повеќе од 1000броеви за еден Претплатник.
20.11 Вип оператор не може да откаже запис за пренесување на број по извршување на трансакција на запис за пренесување на бројот во ЦБП системот.
20.12 Започнувањето на обезбедувањето на услугите на Претплатникот со пренесен број во мрежата на Вип ќе се случи во временската рамка за предавање на број од 12:00 до 16:00 часот согласно став 20.10. Во наведената временска рамка за предавање на број обезбедувањето на услугата може делумно или целосно да биде прекината.
20.13 По фактичкото започнување на обезбедувањето на услугите на Претплатникот со пренесен број во мрежата на Вип оператор, на барање од Операторот давател на број, Вип оператор е обврзан да постапи по барањето и да го исклучи претплатникот од својата мрежа т.е. да го прекине обезбедувањето на услуги на претплатникот со пренесен број, сè додека Претплатникот не ги подмири обврските кон Операторот давател кои биле причина за бараното суспендирање. По подмирување на обврските од страна на Претплатникот кон Операторот давател, Вип оператор ќе го приклучи претплатникот на својата мрежа по добивање на известување од Централната база на податоци.
20.14 Вип оператор на сите свои претплатници ќе им обезбеди можност за информација за тоа дали и во која мрежа е пренесен бројот кој се повикува пред Претплатникот да иницира повик од мрежата на Вип. Информацијата се обезбедува со повикување на повикувачкиот број на службата за грижа за корисници и/или преку други броеви во сопствената мрежа.
20.15 Вип оператор ќе ја овозможи услугата за преносливост на број согласно позитивните прописи и откако услугата за преносливост на броеви ќе биде имплементирана во рамките на Територијата.

Член 21
Измена на Општите Услови
Овие ОУ може да бидат изменети од страна на Вип оператор без претходна согласност на Претплатникот, особено поради условите на пазарот или позитивните прописи. Дополнувањата или измените на овие ОУ ќе бидат објавени од Вип оператор и ќе бидат достапни на вообичаен и пристапен начин, со што изменетитот текст на така изменетите ОУ ќе биде достапен барем на секое овластено продажно место на Вип оператор.

Член 22
Разрешување на спорови
Вип оператор и Претплатникот ќе се обидат спогодбено да го решат секој спор кој може да се појави од Договорот за претплатнички однос, вклучувајќи ги споровите во однос на интерпретација, применување и извршување на овие Општи Услови. Сепак, ако страните не успеат да ги решат споровите на тој начин, спорот ќе биде решен од надлежен суд во Скопје.

01.09.2008

contact us print this page
Вип донираше душеци и ќебиња за децата без родители во домот во Битола

2008-12-18—Во пресрет на Новогодишните празници, Вип оператор мисли и на децата без родители сместени во Домот за доенчиња и мали деца до 5 години во Битола.

Во пресрет на новогодишните празници, разговори со три Вип пријатели во припејд за 0 денари

2008-12-15—Вип оператор го започнува празнувањето и од денес им нуди нови поволности на своите припејд корисници. Во текот на празниците, почнувајќи од 13 декември оваа година до 31 јануари 2009, Вип им нуди можност на сите нови и постојни корисници да изберат