Со повик во Контакт центарот нашите оператори ќе Ви одговорат на секое прашање во однос на нашите производи и услуги, нивните можности, начинот на користење, тековните промоции и сл. Наша цел е да Ви помогнеме и да ви понудиме стручна помош при користење на сите наши производи и услуги.
Како да започнете? и други корисни информации
Откако ќе ја вметнете SIM картичката во мобилниот телефон, вклучете го телефонот. На екранот се испишува порака за внесување на ПИН-број, внесете го ПИН-бројот и потврдете. За да ја регистрирате Вашата SIM картичка на нашата мрежа и станете корисник на Vip потребно е да направите повик од вашиот мобилен телефон кон било кој број.
Добредојдовте во Vip.
Сакате да не контактирате?
Во согласност со светските стандарди и Вашите потреби, Нашите оператори го очекуваат Вашиот повик 24 часа во денот 7 дена во неделата.
Ви нудиме неколку канали преку кои можете да не контактирате:
- Со повик во Контакт центарот на +389 77 1234
- По електронска пошта на адреса kontakt@vipoperator.mk
- По факс +389 77 1235
- Писмено на адреса
Контакт центар
Vip оператор ДООЕЛ СКОПЈЕ
Васил Аџиларски бб, 8 кат
1000 Скопје, Република Македонија
• Vip продавници
Услуги во итни случаи
Изгубен /украден телефон– што да направам?Доколку се случи вашиот мобилен телефон да биде украден/изгубен, прво што треба да направите е да се јавите во Контакт центарот на 077 1234. Корисниците се обврзани најдоцна во рок од 48 часа да го пријават губењето/кражбата на својот мобилен телефон. Нашите претставници по извршена проверка на сопственоста на линијата, веднаш ќе направат блокирање на вашата SIM картичка. Од тој момент сите појдовни повици ќе бидат блокирани, со што ќе ја заштитиме вашата сметка од злоупотреба.
За да продолжите да ги користите нашите услуги, ќе Ви биде издадена нова – заменета SIM картичка (телефонскиот број останува ист) во нашите продажни салони или доколку сакате може да Ви ја испратиме SIM картичката по пошта.
Изгубен/заборавен ПИН код – што да направам?
Вашата SIM картичка се блокира доколку внесете три пати по ред погрешен ПИН број. За да го одблокирате својот телефон, потребен Ви е ПУК бројот. Доколку не го знаете ПУК бројот или сте ја изгубиле пластичната картичка во која беше вметната SIM картичката, веднаш повикајте го нашиот Контакт центар на 077 1234, каде што нашите претставници со задоволство ќе Ви помогнат и ќе Ви го потврдат - дадат ПУК бројот.
Поради заштита на сопственоста и личните податоци на корисниците, ПУК бројот ќе биде соопштен од страна на нашите претставници само по извршена проверка на идентитетот на сопственикот на линијата.
Дефект на телефон– што да направам?
Доколку имате технички проблеми со Вашиот телефон, Ве молиме јавете се во Контакт центарот на 077 1234. Нашите оператори ќе Ве консултираат и ќе направат низа тестови за да го откријат проблемот со Вашиот мобилен апарат. Доколку пак се работи за покомплициран технички проблем, тогаш Ви советуваме да се обратите во нашите продажни места каде што ќе можете да ве консултираат за типот на проблемот и да ви понудат решение.
Дефект со SIM картичката – што да направам?
Ако се појави некаков проблем со Вашата SIM картичка ( на пр. на екранот од мобилниот ви се испише порака SIM error), и не сте во можност да ги корисите нашите услуги, најбрз начин да го отстраните дефектот е да отидете во најблиската продавница на Vip.
Со повик на Контакт центарот ќе добите детални информации за најблисктата продавница до вас.
Оштетен/употребен ваучер– што да направам?
Доколку се случи да имате потешкотии со надополнување на сметката со вредносен ваучер купен од продажните места на Vip, (ваучерот е физички оштетен или не може да го прочитате 14 цифрениот код), Контакт центарот Ви стои 24 часа 7 дена во неделата на ваше располагање. Доколку ваучерот е штотуку купен од нашите продажни салони, нашите колеги веднаш ќе извршат надополнување на Вашата сметка со вредноста на ваучерот. Доколку пак, сте го купиле претходно (неколку дена), потребно е да се јавите на 077 1234 и да ги испратите следниве документи по факс:
• копија од ваучерот,
• копија од фискална сметка
• Ваши лични податоци за контакт
• Име и презиме
• Копија од Лична карта, пасош
• Контакт телефон
• Адреса
• Е-маил
По извршената проверка на вредносниот ваучер, оператор од Контакт центарот во најкраток временски рок ќе Ве контактира и ќе ве информира за исходот од проверката.
Ваучер-надополнувањето не е дозволено – што да направам?
Доколку при внесување на 14 цифрен код на ваучерот за дополнување на сметката, внесете 6 пати погрешен код, тогаш Ви се блокира можноста за надополнување на Вашата сметка со ваучер. Потребно е да се јавите во Контакт центарот на 077 1234 каде што нашите претставници ќе ви ја одблокираат сметката за да може да се обидете повторно да ја дополните својата сметката со ваучер.

Додади во омилени
