Услови за промоции

„Двојно повеќе“
За претплатниците кои ја користат промоцијата „Двојно повеќе“, а во случај на разкинување на договорот пред истекот на договорната обврска, дополнително се наплаќа еднократен надоместок од 1.000 денари. Исто така, претплатникот кој сака да го раскине претплатничкиот однос пред истекот на договорниот период е обврзан да ги намири сите преостанати месечни надоместоци за договорниот период како и да ги намири сите заостанати долгови кон Вип Оператор. Понудата „Двојно повеќе“ се прекинува во случај на промена на тарифниот модел во текот на валидноста на понудата.

Понудата е достапна за сите нови Vip Постпејд претплатници, кои ќе склучат договор на 24 месеци не следните тарифни модели: Flat 200, Flat 400, Flat 800, Flat 1500, Vip Team 300, Vip Team 900, Vip Team 1800, Vip Business 500, Vip Business 900, Vip Business 1600.

Промотивната понуда ќе биде активирана кај сите нови Vip Постпејд претплатници кои склучиле договор на 24 месеци помеѓу 1 и 30ти септември 2008. Промотивниот попуст важи за сите разговори, SMS/MMS пораки, месечни претплати, еднократни надоместоци и слично. Понудата нема да важи во случај на промена на тарифниот модел.
Попустот не важи за заедничката месечна претплата на Vip Team тарифните модели.



Vip Smart тарифни модели
Линиите активирани во промотивниот период (8 октомври 2008 до 15.01.2009) со тарифниот модел Vip Smart 200 ќе добијат поволност за разговори по цена од 0 ден/мин кон еден избран број од мрежата на Vip, со 1000 вклучени минути за разговор во текот на месецот. Линиите активирани во промотивниот период (8 октомври 2008 до 15.01.2009) со тарифните модели Vip Smart 500 и Vip Smart 1500 ќе добијат поволност за разговори кон сите броеви од мрежата на Vip по цена од 0ден/мин, со 1000 вклучени минути за разговор во текот на месецот кон сите броеви од мрежата на Vip. По истекот на овие минути, повиците се тарифираат по редовна цена за национален сообраќај, во зависност од тарифниот модел.

Дoколку Претплатникот се одлучи да го раскине Договорот за засновање претплатнички однос пред истекот на дефинираниот договорен период за секоја линија за која има договорна обврска од 12 односно 24 месеци и има земано телефонски апарат по повластена цена, е должен да плати еднократен надоместок од 1000 денари.

Миграција помеѓу Vip Smart тарифните модели е можна еднаш во текот на месецот. Промена кон повисока претплата е можна веднаш во било кое време по потпишувањето на договорот.  Доколку Претплатникот сака да премине во тарифен модел со пониска месечна претплата, истото е можно во било кое време при што се наплаќа еднократен надоместок од 500 денари.

За корисниците на тарифните модели Flat, Team и Business, кои сакаат да го променат тарифниот модел кон Vip Smart, се наплаќа еднократен надомест од 500 денари (590 со ДДВ).

 

contact us print this page