Услови за промена на тарифен модел

Претплатниците кои имаат потпишано постпејд договор на неопределено време, се обрврзуваат на минималниот договорен период од Општите Услови за пристап и користење на јавни мобилни електронски комуникациски услуги на Вип Оператор ДООЕЛ Скопје кој што изнесува 3 месеци од денот на засновање претплатничкиот однос. Овие претплатници можат да го променат тарифниот модел во било кое време, еднаш во текот на еден календарски месец, без дополнителен надоместок.

Претплатниците кои имаат склучено постпејд договор на определен временски период од 12 или 24 месеци, можат да го променат тарифниот модел во повисока претплата, еднаш во текот на календарскиот месец, без дополнителен надоместок. Промената во пониска месечна претплата односно тарифен модел е можна по истекот на првите 6 месеци од денот на засновање на претплатнички однос, со плаќање еднократен надоместок од 500 денари по промена.

Доколку претплатник има потпишано постпејд договор со 24 месечен договорен период заедно со промотивната понуда (3 месеци без претплата) истиот може да направи промена во повисок тарифен модел, еднаш во текот на календарскиот месец, без дополнителен надоместок. Истиот може да го премени тарифниот модел во понизок тарифен модел по истекот на првата година, по што се наплаќа еднократен надомест од 500 денари по промена. Промена кон тарифен модел кој се смета на исто ниво е можна по истекот на првите 6 месеци, без дополнителен надоместок.

Доколку постоечки претплатник кој има преостанат дел од претплатнички однос сака да изврши промена на тарифен модел согласно условите за промена на тарифен модел на Вип Оператор, преостанатиот период му се префрла на новиот тарифен модел.

Доколку претплатник на Vip Team тарифниот модел сака да мигрира втора линија која има преостаната договорна обврска, преостанатите месеци се додаваат кон договорна обврска на носечката линија на носителот на постпејд договорот. За секоја дополнителна линија (по втората линија) која треба да се додаде во Vip Team групата а која има преостаната договорна обврска, се наплаќа еднократен надомест од 1000 денари по линија, а исто така, носителот на договорот заедно со сите негови претплатнички линии ќе се префрли на тарифниот модел Vip Team 1800.

Претплатникот кој сака да го раскине претплатничкиот однос пред истекот на договорниот период е обврзан да ги намири сите преостанати месечни надоместоци за договорниот период како и да ги намири сите заостанати долгови кон Вип Оператор.

За повеќе информации видете ги Општите Услови за пристап и користење на јавни мобилни електронски комуникациски услуги на Вип Оператор ДООЕЛ Скопје.

contact us print this page