Валидност на Вашата Припејд сметка

По активирањето на Вашата Vip припејд картичка, Вашата припејд сметка можете да ја користите во период од 12 месеци (активен период) во кое време Вие можете да остварувате повици, праќате и примате SMS/MMS пораки и да ги користите другите услуги кои ги нуди Vip.

Почетниот период на валидност на SIM Припејд картичката од 12 месеци можете да ги продолжите зависно од вредноста со која ќе ја надополните Вашата Припејд сметка како и од денот кога ќе ја надополните.

По истекот на активниот период, корисникот може единствено да прима повици и SMS пораки, како и да го користи Припејд менито (1770) и Контакт центарот (077 1234) дополнителни 3 месеци.

Во текот на овие 3 месеци, сметката можете повторно да ја реактивирате со дополнување на кредит од било кој износ. Доколку на сметката претходно сте имале неискористен кредит истиот повторно ќе можете да го користите. Доколку не ја дополните Вашата Vip Припејд сметка пред истекот на дополнителните 3 месеци, Вашиот број ќе биде исклучен и избришан од системот.

Со помош на ваучерите можете да ја продолжите валидноста на Вашата сметка во зависност од нивната вредност. Доколку Вашата сметка е надополнета со различни ваучери, валидноста на Вашата сметка ќе Ви биде продолжена според поголеминот ваучер, без разлика кој ваучер бил употребен прв.

Зависно од вредноста на надополнувањето Vip Ви нуди продолжување на периодот на валидност според следната структура:

• Надополнување со вредност помеѓу 100 и 299 – 30 дена продолжување на валидноста
Надополнување со вредност помеѓу 300 и 899 – 180 дена продолжување на валидноста
Надополнување со вредност од 900 и повеќе – 365 дена продолжување на валидноста 

Периодот на валидност на вредностите кои биле дополнети е ефективен од датумот на дополнување.

contact us print this page
Вип донираше душеци и ќебиња за децата без родители во домот во Битола

2008-12-18—Во пресрет на Новогодишните празници, Вип оператор мисли и на децата без родители сместени во Домот за доенчиња и мали деца до 5 години во Битола.

Во пресрет на новогодишните празници, разговори со три Вип пријатели во припејд за 0 денари

2008-12-15—Вип оператор го започнува празнувањето и од денес им нуди нови поволности на своите припејд корисници. Во текот на празниците, почнувајќи од 13 декември оваа година до 31 јануари 2009, Вип им нуди можност на сите нови и постојни корисници да изберат