Како да ја користите роаминг услугата ?

Кога сте во странство и сакате да повикате некого во друга држава, мора да ги вклучите следните кодови и броеви:
[меѓународен повикувачки код (00 или +)], [код на земјата], [префикс за град или мобилен оператор] и [број]
Пр. Кога сте во странство, а сакате да се јавите во Македонија, едноставно бирајте:

+ 389 XX YYYYYY

А доколку сакате да се јавите во земјата во која се наоѓате, нема потреба да го вклучите меѓународниот префикс за повикување или кодот за земјата, едноставно бирајте:

[префикс за градот или мобилниот оператор вклучувајќи 0] и [бројот]

пр.  0XX YYYYYY

Кога сте во странство, можете да се јавите во Контакт центарот на +389 77 1234.  

Доколку сакате да одберете мрежа по Ваш избор наместо да бидете автоматски поврзани на некоја од мрежите, можете да влезете во менито на Вашиот телефон и  да одберете рачен избор на мрежа. Меѓутоа, ќе треба повторно да ја смените кога ја напуштате земјата.

Достапни услуги кога сте на роаминг

·         SMS
Кога ја користите роаминг услугата, можете да пратите и примите SMS пораки. Примените
SMS пораки се бесплатни.

·         Vip секретарка
Vip секретарката се наплаќа по цени кои се наведени во ценовникот за роаминг услуги.

·         Пренасочување на повик
Пренасочувањето на повик се наплаќа на ист начин како роаминг повиците. 

·         МMS
Кога ја користите роаминг услугата, можете да пратите и примите МMS пораки.

Наплата за користење на Vip секретарка кога користите роаминг
Користењето на Vip секретарката кога користите роаминг (и преслушувањето и примањето на пораки) се наплаќа според роаминг ценовникот.
Можете да ја исклучите оваа услуга преку менито на телефонот – пренасочување на повик – откажување на сите пренасочувања, или со пренасочување на сите повици кон Vip секретарката преку телефонското мени пренасочете ги сите повици кон говорното сандаче на бројот +38977 1222.

Кога користите роаминг, Вашите примени SMS пораки се бесплатни.

Кога сите дојдовни повици се пренасочени кон Vip секретарката, овие повици се наплаќаат.

Кога се пренасочени повиците поради не-јавување, кога Вашата линија е недостапна или зафатена, а повиците се пренасочени кон Vip секретарката, повикот двојно се наплаќа:
- за дојдовни повици, цената за дојдовни повици на роаминг, зависно од зоната каде моментално се наоѓа корисникот,
- за појдовни повици, пренасочено со Вашиот мобилен телефон до Vip секретарката, по цена на сите појдовни повици кон Македонија.


Забелешка:
-         Доколку сакате да пристапите на Вашата Vip секретарка од странство, тогаш можете единствено да го повикате бројот +389 77 1222.

contact us print this page
Вип донираше душеци и ќебиња за децата без родители во домот во Битола

2008-12-18—Во пресрет на Новогодишните празници, Вип оператор мисли и на децата без родители сместени во Домот за доенчиња и мали деца до 5 години во Битола.

Во пресрет на новогодишните празници, разговори со три Вип пријатели во припејд за 0 денари

2008-12-15—Вип оператор го започнува празнувањето и од денес им нуди нови поволности на своите припејд корисници. Во текот на празниците, почнувајќи од 13 декември оваа година до 31 јануари 2009, Вип им нуди можност на сите нови и постојни корисници да изберат