SMS
Користејќи ја услугата СМС можете да испратите текстуална порака од својот Vip мобилен телефон кон други GSM корисници. Испратената текстуална порака ќе биде испишана на екранот на мобилниот телефон на примателот. На истиот начин можете и да примате пораки. Секоја порака може да содржи најмногу 160 алфанумерички знаци. SMS услугата е достапна за секој Vip корисник. Ве молиме прочитајте ги упатствата за Вашиот мобилен телефон за правилно да пишувате, испраќате, примате и бришете SMS пораки.
Испраќање СМС пораки
Во менито на мобилниот телефон изберете ја опцијата за впишување на текстуални пораки. Внесете го текстот со користење на тастатурата на телефонот. Внесете го бројот на лицето кому сакате да ја испратите пораката.
Кога пораката ја испраќате на некој Vip корисник, внесете 077хххххх или +38977хххххх, така што хххххх е бројот на мобилниот телефон на лицето на кое му ја испраќате пораката. Кога пораката ја испраќате на кој било друг GSM корисник во светот, внесете + (или 00), потоа повикувачкиот број на државата, бројот на GSM мрежата (без 0) и бројот на мобилниот телефон на корисникот. На Вашата SIM картичка е зачуван бројот на Центарот за SIM. Тој број е +389 77 000 301. Кога текстуалната порака е успешно испратена, на Вашиот екран ќе се појави порака „Message sent” (Пораката е испратена). Таквата порака само Ви потврдува дека пораката пристигнала во Центарот за SIM , од каде веднаш ќе биде проследена до примателот, но тоа не потврдува дека тој ја примил пораката.
Примање SIM пораки
Повеќето мобилни телефони Ве известуваат за добиената SIM порака со краток звучен сигнал или со светлосен сигнал, т.е. на Вашиот екран Ќе се појави икона во вид на писмо. На почетокот на содржината на пораката најчесто е испишан телефонскиот број на испраќачот и времето кога пораката е испратена. Примените пораки се зачувуваат во Вашата картичка или во меморијата на мобилниот телефон, во зависност од моделот. Ако од некоја причина пораката не можете да ја примите (на пример, мобилниот телефон Ви е исклучен или меморијата на Vip SIM картичката и телефонот е исполнета со пораки), тогаш пораката Ќе биде зачувана во Центарот за SMS 50 часа додека не го вклучите мобилниот телефон или додека Вашата SIM картичка не биде спремна да ја прими пораката. Во Вашата Vip SIM картичка можат да се зачуваат 50 текстуални пораки. Ако е исполнета меморијата на SIM картичката и на мобилниот телефон, новите пораки нема да можете да ги примате. Затоа, за со сигурност и понатаму навреме да ги примате пораките, треба секоја пристигната порака да ја избришете откако Ќе ја прочитате или кога повеЌе не Ви е потребна.
SMS пораките напишани на кирилично писмо раѕлично се пакуваат од SMS пораките на латинично писмо. За да се пренесе и претстави кирилично писмо преку SMS, потребни се повеќе бинарни места за претставување на една буква одошто нормалната латинична претстава (ASCII).
Од оваа причина, содржината која што е напишана со кирилични букви може да зафати повеќе поврзани SMS пораки, зависно од должината на именуваната содржина. Цената за испраќање на таква порака ќе зависи од бројот на испратени, поврзани SMS пораки. Кај повеќето мобилни телефони корисникот има контрола на бројот на неопходни SMS пораки за испраќање на запишаната содржина, односно може да го контролира бројот на карактери преостанати за пополнување на секоја SMS порака која ќе биде наплатена.

Додади во омилени
Vip ВебСМС
