Vip секретарка
Vip секретарката е едноставна и пред сè корисна услуга за примање и чување на гласовни пораки. Oваа услуга Ви е автоматски вклучена и можете веднаш да почнете да ја користите. Бидете секогаш на дофат на Вашите пријатели дури и во моментите кога сте недостапни, кога не сакате да одговорите или пак веќе разговарате со други соговорници. Vip секретарката за Вас прима пораки, Ве известува по пат на SMS за нивното пристигнување и ги чува, а Вие избирате кога ќе ги преслушате.
Пристап на Vip секретарката
На својата Vip секретарка можете да пристапите на три начини за да ги преслушате примените пораки:
1. Едноставно јавете се на телефонот: 077 1222, +389 77 1222 или само на скратениот број 1222 (ако се јавувате од Vip мрежата)
2. Притиснете го копчето 1 (задржете подолго) ако Вашиот телефон поддржува автоматски повик кон Vip секретарката. Кај некои телефони може да биде и некое друго копче.
3. Во менито на мобилниот телефон одберете ја Vip секретарката. За да можете да ги користите автоматските начини на повикување на Vip секретарката морате претходно со помош на упатствата за користење на Вашиот мобилен телефон, под опцијата Говорна пошта да го впишете бројот +389 77 1222. Во зависност од типот на апаратот и од јазикот, Говорната пошта може да се вика Гласовна пошта, Voice mailox number, voice mail и слично. Прв повик кон Vip секретарка При првиот повик кон Vip секретарката ќе пристапите кон поставување на основните поставки за јазикот и поставувања на Вашата порака. Нагодувањата за Вашата Vip секретарка можете да ги одредите по пат на менито за поставување на порака и тоа поставувања на Лична порака, Порака за отсутност, Системска порака, Лично име итн. Одредувањето на наведените поставки е едноставно и трае кратко. Помош Ви е достапна секогаш со притискање на копчето 0. Ви препорачуваме уште во текот на Вашиот прв повик кон Vip секретарката да ги одредите нејзините основни поставки. За промена на сите поставки за Vip секретарката јавете се на 1222 при што повикот е бесплатен.
Објаснување на основните поставки:
Лозинка
(Личен идентификационен број)
Вашата лозинка е таен четирицифрен број кој Ви гарантира сигурност и приватност на Вашите пораки. Кога пристапувате кон Vip секретарката од својот мобилен телефон, не е потребно да внесувате лозинка. Ако пристапувате од фиксната мрежа или од некој друг мобилен телефон, од Вас ќе се бара да ја внесете Вашата лозинка. Изберете лозинка која лесно ќе ја запамтите.
Напомена: Почетната лозинка се состои од последните 4 цифри на ПУК1 бројот. Лична порака - тоа е Ваш личен поздрав којшто повикувачот го слуша кога остава порака на Вашата Vip секретарка. Снимете го тоа што мислите дека Вашите повикувачи би требало да го слушнат, на пример: Во моментов не сум достапна/достапен, Ве молам оставете порака. Ви благодарам!
Лично име - е Вашето име и презиме снимено со Вашиот глас. При оставање порака на Вашата Vip секретарка наместо Вашиот број повикувачот ќе го слушне Вашето Лично име. Во случај да не снимите своја Лична порака ниту Лично име, Вашата Лична порака ќе биде: Ја добивте Vip секретарката на +38977хххххх. Ве молиме оставете порака по звучниот сигнал. Можете да одберете и некои од веќе снимените системски пораки како и пораките за отсутност. Најава за пристигнатите пораки Вашата Vip секретарка по пат на SMS Ќе Ве известува за сите пристигнати пораки. Пренасочување на повици Пренасочувањето на повиците е автоматско проследување на повиците од Вашиот мобилен телефон на Vip секретарката. По пренасочувањето на повиците кон Vip секретарката, повикувачот ќе ја слушне Вашата Поздравна порака по која ќе може да ја остави својата порака. Сите Vip корисници имаат можност за користење на Vip секретарката во следниве случаи:
-кога не се јавувате 25 секунди (divert of no reply)
-кога не сте достапни (divert if no reachable)
- кога сте зафатени (divert if busy).
Ви советуваме да го оставите активно Пренасочувањето на повиците во сите три случаи. Ако не сакате да примате повици бидеј'и сте, на пример, на годишен одмор, можете да ја изберете опцијата Пренасочување на сите повици (Divert all incoming calls) кон Vip секретарката. Во тој случај, секој кој ќе Ве повика ќе биде автоматски пренасочен кон Vip секретарката, а Вам телефонот нема ни да Ви заѕвони. Начинот на кој се менува Пренасочувањето на повици се разликува во зависност од произведувачот и од типот на мобилниот телефон. Точни упатства за начинот на пренасочување ќе најдете во прирачникот за користење на Вашиот телефон.
Преслушување на пораките
Откако сте пристапиле кон Vip секретарката со повик на бројот 1222, пораките Ќе ги слушнете една по друга. Пред секоја порака Ќе слушнете информација за датумот и времето на пристигнување на пораката, како и бројот на повикувачот ако истиот успешно е пренесен до Vip мрежата. Ако во текот на преслушувањето притиснете 0 за помош, Vip секретарката ќе Ве упати во опциите кои ги имате на располагање.
Некои од нив се:
- за повторно преслушување притиснете 1
- за бришење порака притиснете 2
- за да преминете на следната порака притиснете 3
- за враќање на претходната порака притиснете 6
- за враќање на главното мени притиснете *.
Истите опции ги имате на располагање и во текот на преслушувањето на секоја поединечна порака.
Напомена: избришаната порака ќе биде отстранета откако ќе ја прекинете врската. Во текот на идниот пристап кон Vip секретарката и преслушувањето на пораките, избришаната порака веЌе нема да ја има.
Главно мени
Главното мени е почетна точка за преслушување на пораките, како и за промена на поставките на Vip секретарката согласно Вашите потреби. Со влез во Главното мени веднаш ги преслушувате новите пораки, ако ги има, а ако нема нови пораки ќе слушнете известување „Немате нови пораки”. Преслушувањето на пораките можете да го прескокнете со притискање *. Потоа ќе ги слушнете опциите на Главното мени. Имате три опции:
1. За преслушување - притиснете 1
2. За поставување на Вашата порака - притиснете 2
3. За персонализација - притиснете 3 (оваа опција Ви нуди можност за промена на поставките на Vip секретарката за лозинка и јазик)
4. За помош - притиснете 0 (оваа опција Ви дава можност за подетално објаснување на Главното мени). За во кој било момент при користењето на Vip секретарката да се вратите на Главното мени, притиснете *.
Поставување на Ваша порака
Поставувањето на порака на Vip секретарката може да го извршите на следниот начин:
За:
1. Лична порака - Притиснете 1. Лична порака може да снимите со притискање на 2. Ако снимате нова Лична порака, може да ја зачувате или повторно да снимите нова.
2. Порака за отсутност - за да ја овозможите или оневозможите Вашата порака за отсутност притиснете 2.
3. Системска порака - притиснете 3 за системска порака и потоа притиснете 2 за снимање и активирање на Лично име. За да ја преслушате активната порака притиснете 8.
Персонализација на Вашата Vip секретарка
Персонализација на Вашата Vip секретарка можете да извршите на следниот начин:
- За поставување или промена на лозинката на Вашата Vip секретарка притиснете 1.
- За промена на јазикот притиснете 2.
Преслушување пораки од друг телефон
За преслушување на пораки од фиксната мрежа (телефонот мора да има тонско бирање) или од кој било друг мобилен телефон, треба да постапите на следниот начин:
- повикајте го бројот: 12 1222 или 077 12 1222 или +389 77 12 1222
- потоа ќе Ви биде побарано да го внесете Вашиот телефонски број 077хххххх, каде што хххххх е Вашиот шестоцифрен број. На крајот притиснете #.
- притиснете повторно #
- ќе Ви биде побарано да ја внесете Вашата лозинка (којашто се содржи од последните 4 цифри од ПУК1 проследено со #).
- по ова Ќе бидете во можност да ги преслушате Вашите пораки.
Директен пристап кон Vip секретарката на другите Vip корисници
Доколку сакате да оставите порака на нечија Vip секретарка, без директно да му се јавувате, било да се јавувате од својот
мобилен или од број од фиксната мрежа, направете го тоа на овој начин:
- повикајте го бројот: 12 1222 или 077 12 1222 или +389 77 12 1222
- потоа ќе Ви биде побарано да го внесете телефонскиот број 077хххххх, каде што хххххх е шестоцифрениот број на корисникот кому сакате да оставите порака. На крајот притиснете #. Откако Ќе ја слушнете Поздравната порака на лицето, снимете ја својата порака.
Колку долго Vip секретарка ги чува примените пораки?
Vip секретарката може да прими најмногу 20 пораки кои ги чува 10 дена сè додека не ги преслушате. Откако ќе ги преслушате, пораките ќе бидат избришани во рок од 3 дена. Должината на пораката може да изнесува најмногу 210 секунди.
Наплата за користење на Vip секретарката во Македонија
Преслушувањето на пораките на Вашата Vip секретарка од Вашиот телефонски број е бесплатна, а од друг телфонски број се
наплаќа исто како да повикувате Vip корисник. На повикувачот при оставање на порака на Vip секретарката му се наплаќа според важечкиот ценовник за повик кон Vip корисник.
Наплата за користење на Vip секретарката во роаминг
Користењето на Vip секретарката во роаминг (и преслушувањето и примањето пораки) не е бесплатно, се наплатува според важечкиот ценовник за роаминг услуги. Во роамингот, SMS најавата за пристигнати пораки е бесплатна. Кај пренасочувањето
во случај кога корисникот не се јавува, кога не е достапен или е зафатен, а повиците се пренасочени на Vip секретарката, повикот се наплатува на двете страни:
- за пристигнатиот повик по цена за пристигнати повици во роаминг, во зависност од тоа во која зона се наоѓа корисникот;
- а за повикувачот за испратен повик, по цена за испратени повици во Македонија.
Ако сакате да ги избегнете трошоците за користење на Vip секретарката во роаминг, тоа можете да го направите на следниве
начини:
-со исклучување на Vip секретарката преку менито на телефонот, Пренасочување на повиците (Call divert), Откажување на сите пренасочувања (Cancel all diverts)
-со пренасочување на сите повици кон Vip секретарката преку менито на телефонот кон Гласовната или Говорната пошта
(Divert all calls to Voice mailbox) на бројот +389 77 1222.
Напомена: Ако на Vip секретарката пристапувате од странство, тоа е можно единствено со бирање на бројот +389 77 1222.
Доколку овој повик не можете да го остварите потребно е да го повикате бројот +389 77 12 1222.

Додади во омилени
Vip ВебСМС
