Услови на користење
Корисникот е одговорен за секој разговор што го води на услугата Чет & дејт и ја сноси одговорноста за сите последици што можат да произлезат од разговорот со трето лице на четот.
Корисникот мора да ја почитува својата приватност и ризик при пристап на услугата Чет & дејт.
Користејќи ја услугата Чет & дејт, корисникот се обврзува дека нема да:
- објавува или пренесува информации за кои знае или би требало да знае дека се невистинити, а чие користење може да нанесе штета на другите корисници;
- користи чет за објавување или ширење материјали/пораки чии содржини на кој било начин се спротивни со постојните закони, навредливи, расистички, сексистички, лажни, заканувачки, вулгарни, простачки, експлицитни или на кој било начин можат да бидат сфатени како кршење на граѓанските права;
- праќа пораки со експлицитна сексуална содржина или графички опис на сметка на сексуален однос (вклучувајќи ги и оние што можат да бидат насилни или заканувачки за другиот поединец или група поединци);
- бара или објавува лични и тајни податоци за некое лице, компанија, услуга или друг субјект (вклучувајќи цело име и презиме, домашна адреса, број на телефон, училиште или што било друго што може да овозможи директен контакт лице во лице);
- праќа ланчани пораки (spam), junk mail.
- користи Чет & дејт за да разменува документи, програми и други материјали со експлицитна содржина или вклучувајќи (вистински или монтирани) содржини во кои се вклучени малолетни лица;
- се закануваат, злоупотребваат или прогонуваат други корисници на услугата Чет & дејт;
- се претставуваат лажно (преземаат улоги на пријатели, роднини или трети лица);
- одберат прекар што е вулгарен, навредлив и непримерен (Вип оператор ДООЕЛ го задржува правото да побара од корисникот промена на прекарот).
- рекламира или нуди производи и услуги за продавање;
- користи говор на омраза каде било во услугата Чет & дејт;
- нуди на трети лица датотека која содржи вируси или програми чие користење би предизвикало делумно или целосно онеспособување на работата на мобилниот телефон;
- Вип оператор ДООЕЛ не презема одговорност за трајноста на пораката на четот, погрешно адресирање, доцнење со прикажување на пораката или неможност да се сочува содржината на одреден чет;
- корисникот се обрзува да ја користи услугата Чет & дејт преку праќање и примање пораки кои се во согласност со темите на поединечниот чет;
- ја користи услугата Чет & дејт за да собере содржини од трети лица за кои знае или се сомнева дека нивното користење би го прекршило Законот за авторски права или некој друг македонски и/или меѓународен закон.
Во случај на такви пораки, Вип оператор го задржува правото на забрана на користење на услугата Чет & дејт.
Вип оператор има право, во случај на сомнеж на злоупотреба, да ја контролира "содржината" која ја поставуваат корисниците на серверот. Вип оператор моментално може да отстрани некоја содржина која е спротивна на "Условите на користење на услугата Чет & дејт".
Вип оператор има право да дистрибуира пораки до корисникот како информативни е-пораки или преку писмен пат, со што се известуваат за промените кај услугите, нови услуги, подобрени услуги и други информации поврзани со услугата Чет & дејт.
Корисниците на услугата Чет & дејт кои се неактивни 90 дена, Вип оператор ќе ги избрише од базата на корисници. 8 дена пред бришењето од базата на Вип оператор ќе го извести корисникот по пат на SMS-порака.
Вип оператор ќе го прекине правото на користење на услугата Чет & дејт без известување на оној корисник кој не се придржува до условите на користење на услугата Чет & дејт.
Корисникот се согласува дека Вип оператор има право да ги избрише сите негови податоци од својот сервер во моментот на исклучување.
Вип оператор на своите корисници им овозможува непрекинат и слободен пристап на услугата Чет & дејт. Вип оператор има право да побара од корисниците надомест на трошоците што се предизвикани со неприфатливо и недозволиво користење на услугата Чет & дејт.
Заштита на приватноста
Вип оператор им гарантира на своите корисници дека податоците што ги оставаат при регистрацијата нема да ги продава на трети лица. Податоците оставени при регистрација во услугата Чет & дејт (прекар, години, пол, град, преференци, податоци за интересите, пораки во споменар) не се достапни на ниедно лице надвор од Вип оператор. Вип оператор гарантира и приватност на податоците што ги остава корисникот на трети лица (на пр. во случај на праќање приватни пораки).

Додади во омилени
Vip ВебСМС
