Чет преку мобилен портал
На мобилниот портал бирате помеѓу јавни и приватни соби, креирате своја приватна соба, гледате кој е online итн., кој е подготвен за чет, барате партнер за разговор, праќате порака во споменар на другите корисници и др. Како и во чет-собите на Интернет, се гледаат сите пораки коишто ги праќаат корисниците во чет-собите.
На почетната страница на мобилниот портал одберете Чет & дејт.
Чет & дејт
Пријавете се како:
Прекар – регистриран корисник што веќе има креирано прекар и профил
Гостин – корисник што нема креирано прекар и профил автоматски му се доделува прекар
Креирај/Измени профил – за креирање или промена на профилот
Напомена: регистриран корисник исто така може да се пријави како гостин.
Чет
Запознајте нови пријатели и поразговарајте за што било!
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ:
Јавни соби: оnline разговори во јавни и/или приватни соби
Нова порака: праќање пораки во соби
Пријатели: приказ на листа на пријатели, кој е online/offline*
Корисници: приказ на сите online корисници во таа соба
Соби: враќање во јавните соби
Излез: враќање на главното Чет мени
* Online корисник е оној што четува на мобилниот портал. Offline корисник е оној што четува по пат на SMS порака на 1444.
Приватни соби: соби креирани од страна на корисник
По абецеда: приказ по абецеда на активните соби
По популарност: приказ на соби по бројот на пратени пораки во собата
Креирај приватна соба: можност за отварање на своја приватна соба*
Напомена: Доколку не се впише лозинка, сите корисници можат да пристапат до таа соба.
* Приватната соба по краток временски период автоматски се затвара кога последниот корисник ќе ја напушти собата.
Општо: Со клик на прекар, се отвара страница со следните можности:
Повикај на разговор: се однесува на приватен разговор
Погледај профил: прегледување на профилот на тој корисник
Додади/Избриши пријател: додавање односно бришење на прекар од листата на пријатели
Блокирај/Престани со блокирање: додавање односно бришење прекар од блок-листата.
Дејт
Забавен начин на анонимно запознавање и/или поврзување со партнери врз основа на нивните карактеристики.
ФУНКЦИОНАЛНОСТИ:
Мои пораки: содржи пропуштени повици за разговор
Пријатели: листа на прекари додадени на листата на пријатели, со знак кој е online
Побарај профил: пребарување партнер по прекар, избор или критериум
Споменар: Мој споменар, споменари (преглед на споменарот од бараниот прекар) Топ 5 споменари (преглед на споменари од 5 корисници со најмногу пораки)
Блок листа: листа на блокирани прекари
Мој профил: во секој момент можете да го измените или да го избришете својот профил
Цена на користење:
На мобилниот портал, секоја пратена порака се наплаќа 4,72 ДЕН со вклучен ДДВ.
Сурфањето на мобилниот портал не се наплаќа.

Додади во омилени
Vip ВебСМС
