Водач за сигурен чет

1. Запамтeте, CHAT на англиски значи:

Careful  –  (претпазлив). Лицата од другата страна на телефонот не мора да бидат онакви какви се прикажуваат.

Hang on – (чувајте се). Чувајте ги своите лични податоци. Никогаш не откривајте ја вашата е-адреса или домашна адреса, број на телефон, каде работите или каде учите. Не доведувајте ги пријателите во незгодна ситуација откривајќи ги нивните податоци или говорејќи за работите кажани во доверба.

Arranging – (договарање). Договарање состанок на чет може да биде опасно. Не договарајте состанок со лица или пријатели запознаени на мобилниот или на SMS чет.

Tell – (кажи). Кажете му на модераторот или на пријателот ако сте сретнале некој што предизвикува непријатност или страв кај вас.

2. Бидете анонимен исто така значи...

Не претварајте се во нешто што не сте.

Не се однесувајте непримерно. Сексуални, погрдни и расистички пораки се забранети.

Покажете почитување кон другите корисници на чет-услугата. Пристапете убаво и немојте да бидете упорен ако не се заинтересирани за чет со вас. Постапувајте со другите како што сакате другите да се однесуваат со вас.

3. 
Одлуката е ваша

Доколку имате каков било сомнеж во врска со некој или се чувствувате непријатно поради нешто, запамтете дека секогаш имате контрола. Повикајте го Контакт центарот на 1234, кој ќе ви помогне во секое време.


И на крај: добра забава!

 

contact us print this page
Вип донираше душеци и ќебиња за децата без родители во домот во Битола

2008-12-18—Во пресрет на Новогодишните празници, Вип оператор мисли и на децата без родители сместени во Домот за доенчиња и мали деца до 5 години во Битола.

Во пресрет на новогодишните празници, разговори со три Вип пријатели во припејд за 0 денари

2008-12-15—Вип оператор го започнува празнувањето и од денес им нуди нови поволности на своите припејд корисници. Во текот на празниците, почнувајќи од 13 декември оваа година до 31 јануари 2009, Вип им нуди можност на сите нови и постојни корисници да изберат