Забава
Vip Мобилниот портал
Vip Мобилниот портал овозможува мобилна забава во боја на екранот на Вашиот мобилен телефон. Оваа единствена и високо софистицирана услуга им ја нуди на купувачите можноста за купување на Ало мелодии, мелодии, слики и анимации како и нови начини за запознавање луѓе преку Чет & Дејт. Дополнителен избор на интернет сајтови со домашни и меѓународни содржини е достапен преку Vip порталот. Пристапот и сурфањето се достапни за сите мобилни телефони оспособени за GPRS. Можете да пристапите до Vip Mобилниот портал на адресата http://portal.vipoperator.com.mk преку Вашите мобилни телефони.
повеќе>>
Мелодии и слики
Услугата Мелодии и слики Ви овозможува да го персонализирате Вашиот мобилен телефон – со поставување на нова позадина на екранот или промена на начинот на ѕвонење со Вашата омилена песна или мелодија. Можете да купите Мелодии и слики исто така со праќање SMS со код на посакуваната содржина до 1441 или преку Vip мобилниот портал.
повеќе>>
Ало мелодии
Ако сакате да ги забавувате Вашите повикувачи додека тие чекаат да им се јавите, активирајте ја услугата за Ало мелодија– променете го стандардниот звук за слободна линија со Вашиот омилен звук. Можете да купите Ало мелодии со испраќање на SMS порака со кодот на посакуваната содржина на 1442 или преку Vip мобилниот портал.
повеќе>>
Чет & дејт
Прекинете ја досадата и уживајте во новата забава на разговарање во секое време, каде и да сте.
Дали Ви е здодевно во автобус или Ви треба малку забава, веднаш можете да почнете за разговарате со стотици луѓе!
Запознајте нови пријатели, најдете го Вашиот идеален партнер и анонимно разговарајте за се што ќе посакате.
Услугата Чет & дејт Ви овозможува анонимно да разговарате и да се поврзете со различни видови луѓе со кои делите заеднички интереси. По процесот на регистрирање, изберете го Вашиот прекар и започнете ја авантурата! Исто така можете да праќате пораки на SMS 1444 или да имате пристап до услугата преку Vip мобилниот портал.
повеќе>>

Додади во омилени
Vip ВебСМС
