Мелодии и слики
Услугата Мелодии и слики Ви овозможува персонализација на мобилниот телефон. Купувањето на содржината понудена во
Мелодии и Слики е овозможена преку Vip мобилниот портал или по пат на SMS пораки.
Мелодии и слики е услуга достапна на сите Vip корисници, која ви нуди:
- Реални мелодии
- Полифони мелодии
- Слики
- Анимации
Опис на содржината
Реални мелодии се вистински песни, односно делови од песни кои можат да се постават како ѕвона за пристигнати повици.
Полифони мелодии се повеќеканални мелодии на ѕвона за пристигнатите повици на мобилниот телефон. Понудени се во повеќеканални изведби (4, 16, 24, ...) во зависност од тоа какви поддржува самиот мобилен телефон.
Слики се фотографии, цртежи, карикатури и слично, и може да се постават како позадина на екранот од мобилниот телефон. Приспособени се за голем број мобилни телефони со различни димензии на екрани.
Анимации се анимирани цртежи со разновидна содржина, и можат да се испраќаат како интересни честитки во сите пригоди, како покани, шеги и слично.
Користење на услугата Мелодии и слики
Саканата содржина може да ја нарачате по пат на:
- Vip мобилен портал - со избор на саканата содржина и со одбирање на полето со цената
- SMS пораки - Ако сакате да купите Реална или Полифона мелодија, Анимација или Слика, доволно е само да ја пратите шифрата на избраната содржина на бројот 1441. Праќањето SMS порака на бројот 1441 на кој се нарачува е бесплатно.
На пример, SMS на бројот 1441 со Шифра ABCDEF.
Особено е важно пред секое купување на содржини да проверите дали Вашиот мобилен телефон го поддржува типот на содржина која сакате да ја купите.
За Реални мелодии, Полифони мелодии, Слики, Анимации Ќе добиете WAP Push порака која Ќе Ви овозможи со пренос на податоци зачувување на содржините директно во мобилниот телефон.
Цената за реални тонови изнесува 60 денари (70,8 денари со ДДВ), додека цената на полифоните мелодии и слики е 35 денари (41,3 денари со ДДВ).
И уште нешто...
За да можете да примате содржини со WAP Push порака, треба да имате точни подесувања на Вашиот мобилен телефон.

Додади во омилени
Vip ВебСМС
