За Vip
Вистинска конкуренција на пазарот со најдобра понуда. Сакаме да им понудиме на нашите корисници неограничена комуникација кога и да е, каде и да се, со кого сакаат и колку сакаат!
Вистинска конкуренција на пазарот со најдобра понуда. Сакаме да им понудиме на нашите корисници неограничена комуникација кога и да е, каде и да се, со кого сакаат и колку сакаат!
Vip е мобилен оператор во Македонија, член на mobilkom austria group, која брои повеќе од 16.5 милиони задоволни корисници во седум земји од регионот. Позната како лидер во иновациите, со развивање на нови технологии и услуги кои за првпат се воведуваат на пазарите каде што сѐ присутни.
mobilkom austria group ја обезбеди лиценцата за трет мобилен оператор во Република Македонија со која се гарантира присутност на пазарот во период од 10 години, а која автоматски се продолжува на дополнителни 10.
Со почетокот на работата на Vip како трет оператор на пазарот, ќе се овозможи вистинска конкуренција во оваа област. Тоа ќе резултира со подобри цени и поголем квалитет на производите и услугите. Сѐ во интерес и заради задоволството на корисниците.
Корисниците и нивните индивидуални потреби, кај нас се секогаш на прво место. Освен современата технологија која ја имплементиравме во нашиот ГСМ систем, на корисниците на Vip им стои на располагање поддршката од нашите вработени. Со непосреден и професионален контакт ќе им овозможиме на корисниците на нашата мрежа, слобода во комуникацијата -повеќе разговор и подобри услуги.
Со постојано вложување во нашите услуги и развој на нови понуди, мрежата на Vip ќе ја направи Вашата комуникација поефикасна, а нашата заедничка соработка уште подобра.