Менаџмент

Членовите на менаџмент одборот на Vip operator се:

  • Никола Љушев - Главен извршен директор
  • Марио Цвитковиќ - Главен маркетинг директор
  • Роберт Крендл - Главен финансиски директор

Никола Љушев ја започна својата кариера во секторот на електронски комуникации во 1997г. како инженер за комутации, а подоцна и главен инженер за комутации во Македонски телекомуникации АД Скопје. Од јули 2000г. до октомври 2001г. беше Главен координатор и инструктор за Cisco Networking Academy програмата во Македонија. Во 2003г., стана Раководител за поддршка и планирање на продажба во МТком, а непосредно пред неговото заминување од МТком и Македонски телекомуникации АД-Скопје му беше доверена и раководна улога во делот за деловен развој во МТком.

Од декември 2003г., работи во Космофон, најнапред како Менаџер на одделот за инженерство, а од јули 2005г. е на позицијата на Главен технички директор.

Никола беше член на Управниот Одбор на Стопанската Комора МАСИТ, како и претседател на Комитетот за електронски комуникации во рамките на МАСИТ во текот на 2007.

Никола Љушев е роден 1973г. во Охрид. Дипломирал електроника и телекомуникации на универзитетот Св. Кирил и Методиј. Носител е на повеќе индустриски сертификати во областа на вмрежување, телекомуникации и др.

***

Марио Цвитковиќ jа започнал својата кариера работејќи за ОН на Високиот Комесаријат за Бегалци (УНХЦР) во Сараево, како контролор на аеродромот и во Душанбе (Таџикистан) како советник за логистика, а работеше на различни функции и кај Меѓународната кризна група-МКГ, ОБСЕ во Босна и Херцеговина.

Марио исто така го формираше клучниот почетен тим на Vipnet, приклучувајќи им се како Менаџер за логистика и управување. Во 2003 е назначен за Директор на продажба во Vipnet.

Марио е роден во 1970 во Мостар (Босна и Херцеговина). Студираше на Електро факултетот при Универзитетот во Сараево и дипломирал на Високата Техничка школа (нуклеарната енергика ), при Загребскиот универзитет. Одговорен е за маркетинг тимот во Vip operator на позиција Главен маркетинг директор, започнувајќи од Јуни 2007.  

***

Роберт Крендл изградил успешна кариера работејќи на различни функции во секторот за продажба, екпертски и финансиски функции во неколку компании, меѓу кои и Австриската Национална Туристичка канцеларија. Се придружил на тимот на Мобилком Австрија во 1997 како Контролор за деловно планирање и стратегии, за да потоа стане одговорен на одделот за стратешко планирање и проекти.

Од 2001 и 2003 е на функцијата Ракоодител за контрола на "маг" операциите во Словенија-Si.mobil и Хрватскиот Vipnet, за да во 2003 биде назначен за Проект менаџер во Business Development во 2003 и во 2004 Раководител за контрола на групацијата.

Роберт е роден 1965 во Виена, Австрија каде што се стекнал со своето образование, дипломирајќи на Колеџот за Маркетинг и продажба, на Економскиот универзитет во Виена. Доаѓа на позиција Главен финансиски директор, започнувајќи од Јуни 2007.  

 

contact us print this page
Вип донираше душеци и ќебиња за децата без родители во домот во Битола

2008-12-18—Во пресрет на Новогодишните празници, Вип оператор мисли и на децата без родители сместени во Домот за доенчиња и мали деца до 5 години во Битола.

Во пресрет на новогодишните празници, разговори со три Вип пријатели во припејд за 0 денари

2008-12-15—Вип оператор го започнува празнувањето и од денес им нуди нови поволности на своите припејд корисници. Во текот на празниците, почнувајќи од 13 декември оваа година до 31 јануари 2009, Вип им нуди можност на сите нови и постојни корисници да изберат